29 Април, 2024
0.0309

ЗНМ: Денеска е последен ден за пријавување за пакетите за заштита

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска е последниот ден за пријавување за доделување на пакетите за поголема заштита на новинарите и медиумските работници кои ги подготвија Здружението на новинарите на Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во услови на глобална пандемија од исклучително значење за ЗНМ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, но и за пошироката јавност е да имаме квалитетни и навремени информации. Сметаме дека заштитната опрема ќе помогне за остварување на таа цел, која не би била возможна без добро заштитени новинари и медиумски работници.

Во таа насока подготвени се два вида на пакети. Првиот, кој е малку пообемен и е наменет за националните медиуми кои имаат поголеми редакции и вториот кој е наменет за медиуми со помал број на вработени. Со цел правилна распределба на пакетите, односно доделување на заштитна опрема на новинарите и медиумските работници кои секојдневно работат на терен, треба само да ни испратите порака на електронска пошта ( vkostovska@znm.org.mkcontact@znm.org.mk) и во неa да се наведе:

- Името на медиумот

- Вид на медиумот (телевизија, радио, весник, интернет портал)

- Вкупен број на вработени во медиумот

- Официјална адреса на медиумот (каде ќе ви бидат доставени пакетите)

Со оглед на тоа што располагаме со ограничена количина на пакети, принципот на добивање на истите е прв пријавен – прв услужен. Исто така, поради големиот број на медиуми укажуваме дека секој медиум ќе може да добие не повеќе од еден пакет. Освен тоа, апелираме до медиумите кои веќе обезбедиле соодветна заштита за своите вработени или нивната работа не вклучува известување од терен да не аплицираат за добивање на пакети, бидејќи на тој начин може некој од колегите што секојдневно се изложени на ризик да не бидат соодветно заштитени.

Истовремено, ве информираме дека доставата на пакетите ќе се врши исклучиво на адресата на медиумот за што потребно е да делегирате и лице за контакт со негов мејл и мобилен телефон. 

Поради итноста на ситуацијата во која се наоѓаме, последен рок за аплицирање е денес 06.04.2020 (понеделник), а барањето потребно е да го испратите на Верче Костовска (vkostovska@znm.org.mk) и на основната електронска адреса на ЗНМ (contact@znm.org.mk) со предмет: Пакет за заштита на новинари и медиумски работници.

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево