19 Мај, 2024
0.0299

Знаеме дека се предвесници на пролетта, но не сте знаеле колку се лековити!

Објавено во: Стил 13 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Истражувањата покажале дека темјанушката го запира растот на малигни клетки на ракот. Содржи салицилна киселина, која е составен дел на аспиринот и е ефикасна во третманот на главоболки, мигрена и несоница.

Со првите зраци на пролетното сонце на шумски падини своите главите ги покажуваат и убавите, миризливи темјанушки. Со ова растение се поврзуваат бројни митови. Во античка Грција биле  познати како симбол на љубовта и плодноста.

Нејзиниот мирс ја искористил и грозниот Хефест на кој така му тргнало од рака да ја освои убавата Афродита, а Зевс ја исполнил ливадата со темјанушки како би ја утешил својата љубовница поради љубомората на Хера .

Во европската култура темјанушката поради својот изглед е најпознат симбол на трпението, скромноста и тајната љубов, но Наполеон ја сметал со знакот на храброста, отпорноста и истрајноста па ја земал за свој амблем.

Ги лечи дишните патишта , но и рак

Темјанушката е еден од весниците на пролетта, почнува да цвета кон крајот на февруари и е генерално во подем до крајот на април. Најмногу се користи во лекување на дишните патишта и воспаление на цревата. Содржи фенолни гликозиди, сапонини, флавоноиди и слуз што и дава лековити својства. Дејствува противоспалително, против болки, помага при искашлување, ја намалува зголемената телесна температура.

Истражувањата покажуваат дека темјанушката го забавува растот на малигни клетки на ракот. Содржи салицилна киселина, која е составен дел на аспиринот и е ефикасна во третманот на главоболки, мигрена и несоница.

Таа има антибактериски својства, а се користи и за воспаление на кожата, оток, ублажување на болката, и како седатив.

Чајот од темјанушка се користи против кашлање, голема кашлица, насоберена слуз, астма, бронхитис и воспаление на белите дробови. Чајот наводно помага и кај проширени вени. Маст од темјанушки е мелем за рани, се препорачува кај невродерматитис, изгореници како и кај отстранување на лузни. Се користи против воспаление на дојки, но и против рак на дојка и против метастаа после операции на рак на дојка.

Чај од темјанушки се подготвува од листови и цветови, кои се собрани во март и април, и се суши на сенка во добро проветрено место. За една чаша чај е доволно лажичка од смесата.

Сирупот го зајакнува срцето и лекува несоница

За сируп ви треба 90 грама цветови од мирисни темјанушки, 120 грама шеќер, 1,5 литри вода. Цветови без цветни чаши се ставаат во тенџере и се прелива со зовриена вода. Покријте и оставете да отстои 24 часа. Потоа процедете и добро истиснете па додајте шеќер. На тивок оган затоплете со непрестано мешање додека шеќерот се раствори. Штом сирупот почне да зоврива, тргнете од оган, покријте со сад и оставете да се излади.

Потоа префрлете во стаклено шише цврсто затворете и чувајте на темно место. Помага при кашлање, несоница и срцеви тешкотии.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“