19 Мај, 2024
0.1500

Златниот лидер заглави во ќорсокак

Објавено во: Свет 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин не сака да биде зависен од Западот. И нему не му се допаѓа кога руските државни средства зависат од каприциозните курсеви на западните валути. А во неговите замисли не може Русија да инвестира во долари. Затоа треба да се најдат алтернативи. Еврото како втора најголема силна глобална валута, не влегува во плановите по избивањето на кризата во Крим и Украина. Валутата на поранешната братска земја Кина - јуанот, и денес се уште не е конвертибилна и затоа отпаѓа како резервна валута. Затоа пред неколку години Путин почна да ги зголемува руските златни резерви - па доларот да не може да и наштети на државната каса. Но нешто генерално се збуни. Според пресметките на германскиот весник Die Welt благодарение на политиката на Путин во овој поглед неговата татковина загуби околу 15 милијарди долари. Така Русија успеа да ги зголеми своите златни резерви повеќе од три пати од 2007 година. Пред осум години земјата располагаше со 400 тони, денес во руските трезори има околу 1275 тони. Само во јуни беа додадени 24,2 тони. Со тоа Русија стана земја со шестите по големина златни резерви во светот. Но одеднаш Кремљ се соочува со нов противник. И тоа не е администрацијата во Вашингтон, која ја користи силната позиција на доларот, за да ги наметне сопствените интереси во светот. Станува збор за каприците на "капиталистичките финансиски пазари", кои ја претворија желбата на Путин да биде независен од Запад преку златото во едно скап потфат. Иако Кремљ ги преструктурира средствата секој месец и на тој начин акумулира повеќе злато, вредноста на државнити златен резерви останува на нивото од 2011 година - околу 45 милијарди долари. Вкупните резерви на Русија според Die Welt се проценуваат на 358 милијарди долари. Ако се земе предвид сегашната цена на златото, тогаш земјата загуби околу пет проценти од активите - точно 15 милијарди долари. Вината е на турбуленциите на пазарите на суровини. Златото веќе не е толку популарно меѓу инвеститорите во последните години, а вредноста неодамна падна драстично. Цената за унца падна под границата од 1100 долари и на тој начин - на најниско ниво од март 2010 година, се вели во материјалот на германските медиуми. Топењето на цената на златото не можеше да се случи во полош за Путин период. Рускиот претседател уште гаи надеж дека рецесијата на економијата на земјата наскоро ќе стане минато. Сега сепак цената на златото може да го направи сето ова "сметка без ќар". Целиот примарен комплекс е во надолна спирала. Ова може да се види од Bloomberg Commodity Index, кој ги следи цените на злато, бакарот, шеќер - најважните "богатства" на земјата. Тој падна на најниско ниво во последните дванаесет години. При тоа руската економија во голема мера е зависна од извозот на суровини. Уште пред санкциите нафтата, гасот и рудите правеа три четвртини од извозот на земјата. Откако сега овие извори носат пониски приходи, Путин ќе е се повеќе зависен од своите резерви. Подобрување на ситуацијата не се гледа. Весникот цитира експерти, според кои вредноста на златото може да падне наскоро под границата од 1 000 долари. "Моќта на доларот ќе продолжи да е голема, а со тоа ќе падне значењето на златото како резервна валута", го цитира Welt аналитичарот од Goldman Sachs Џефри Кири. Обработка: К.К. Извор: Die Welt

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто