Жител на Охрид починал од британскиот сој на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Британскиот сој на коронавирусот однесе жртва во Македонија.
Човек на возраст од 46 години од Охрид е првата жртва на британскиот вид на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди веста за „Фокус”. Вели дека кај пациентот постоел ризик фактор – обезност. Деновиве беше соопштено дека овој вид на коронавирусот е детектиран во Македонија. И во регионот веќе е потврдено присуството на овој вид на коронавирусот.
фото freepik