Добивај вести на Viber
Оваа есен на целиот Балкан, ќе биде сончева, односно сите три есенски месеци ќе бидат натпросечно топли. Неиздржлив студ нема да почувствуваме ниту во текот на зимата. Вакви се долгорочните прогнози на ECMWF (The European Centre for Medium-Range Weather Forecasts), со седиште во Рединг, Англија, кои досега се покажале како многу точни.
Cепак, метеоролозите предупредуваат дека се уште е премногу рано за да дадат прецизни прогнози за оваа зима.
Во зимските месеци, температурите ќе бидат просечни. Нема да има премногу ладни денови. Температурите ќе бидат во нормала, со повеќе топли отколку снежни денови. Сепак, треба да очекуваме кратки периоди со поладно време, проследени со снег и дожд.