19 Мај, 2024
0.0301

Житото, другата нафта на Исламската Држава

Објавено во: Свет 03 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Извор на приход и средства за зајакнување на доминацијата над населението: контролата над житото е главен фактор во стратегијата на терористичкаа група "Исламска држава" која се насели во големите зрнопроизводителни региони на Сирија и Ирак, пишува Емануел Мишел  од Франс прес, цитиран од агенциите.

Територијалното присуство на "Исламска држава" се совпаѓа со амбарите на регионот - во северен Ирак и во североисточна Сирија, нагласува Себастијан Аби, истражувач во Институтот за меѓународни и стратешки односи и автор на "геополитика на житото" (издадена од Арман тркала, б. Ред .).

Со жестока офанзива во северен Ирак во јуни 2014 година, борците на "ИД" ја презедоа контролата над житни силоси на провинциите Ниневија и Салах ад Дин, во кои е концентрирана над една третина од производството на жито и 40 отсто од производството на јачмен на земјата.

На овој начин "Исламска држава" презедоа над 1 милион тони жито, или една петтина од годишната потрошувачка на Ирак, пресметува Жан-Шарл Бризар, специјалист за финансирањето на тероризмот.

Во Сирија џихадистите ставија рака на над 30 отсто од производството на жито во провинциите Рака и Деир аз Зур, кои ги контролираат пресметува тој. И покрај тоа ставија рака и на три четвртини од производството на памук.

Сирија беше голем извозник на памук пред војната.

Како во целиот Блиски Исток и Северна Африка, лебот е во основата на животот во Ирак и Сирија, кои морале да увезуваат жито во прилог на националното производство.

Џихадистите имаат корист од тоа: од една страна "тие префрлија многу жито од Ирак во Сирија за да го преработуваат во брашно и да го препродаваат". Од друга страна, исто како нафтата, тие почнаа да го продаваат житото надвор од зоната на влијание, и конкретно надвор од турската граница, забележува Бризар.

Ова може да донесе, според експертот, профит од околу 200 милиони долари годишно, иако количините се занемарливи во споредба со светската трговија со пченица.

Житото овозможува да се гарантира и добриот однос на населението. "Колку пекарници беа заземен од почетокот на воениот пробив во некои градови?", прашува Себастијан Аби. "Исламска држава" почна да дели бесплатен или многу евтин леб во зоните под своја контрола.

Но во иднина војната "станува вистинска закана за прехранбената безбедност на регионот", предупредува Аби, според кого "веќе има пад во производството, иако не можат да бидат цитирани никакви броеви", како во Сирија, така и во Ирак.

Борбите ги уништуваат посевите, и штетат на почвата и ја одделуваат од полето работната рака потребна за земјоделската работа, потсетува истражувачот. Ударите на коалицијата, макар и да ги избегнуваат намерно житните полиња, ги уништуваат средствата за складирање и транспорт, додава Бризар.

Околу 10 милиони Сиријци се изложени на ризик од глад, што е речиси половина од населението, објави неодамна ОН.

"(Сирискиот) земјоделски сектор е уништен од конфликтот. Потребна е итна помош од меѓународните донатори, за да можат земјоделците да се справат со следната сеидба, која ќе започне во октомври", објасни претставник на ФАО, Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Затоа проблемите на земјоделството можат "да се свртат против" Исламска држава "на среден рок. Што ќе направат ако реколтите се влошат уште повеќе?", прашува Себастијан Аби.

"Исламска држава" може да е "автономна" во однос на житото во овој момент, но "нејзината контрола врз природните ресурси нема да е доволна за да се обезбеди одржливост ", предвидува Бризар.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто