16 Мај, 2024
0.0275

Жерновски: Не сум крив за катната гаража, Пелагонија Гостивар го раскина договорот

Објавено во: Економија 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Договорот не го раскина општина Центар туку самото претпријатие „Пелагонија Гостивар“ и тоа со судска пресуда, вели поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски за Фактор. Реши да даде став за случајот „катна гаража кај НИП Нова Македонија“ откако две недели упорно се криеше од Фактор. Поради раскинувањето на договорот пред еден месец сметката на општината беше блокирана и од неа беа симнати 1,6 милиони евра, пари кои завршија кај „Пелагонија Гостивар“. Сега Жерновски вели дека нема проблем Управата за финансиска полиција да го испита случајот, но вели дека негова вина нема. Тој уште во кампањата, пред да стане градоначалник на општина Центар, тврдеше дека ќе ја стопира изградбата на катната гаража која ја почнал неговиот претходник Владимир Тодоровиќ. Со образложение дека со тие пари ќе се изгради едно училиште, Жерновски направи уште поголема штета за оваа општина. Сега го повторува истиот став

„Легитимна политичка одлука на новото општинско раководство тогаш беше средствата од буџетот да се насочат кон далеку поприоритетни цели, како што е изградба на ново  и современо училиште. Договорот не го раскина Општина Центар, туку самото градежно претпријатие "Пелагонија Гостивар" и тоа со судска пресуда. Надвор е од било каква разумност е да се прифати тезата дека "Пелагонија" има изгубена добивка во висина на цената за која требала да ја изгради барокната катна гаражат. Според пресудата, произлегува дека "Пелагонија" би ја изградила гаражата со 0 денари трошоци. Спорот се' уште не е конечно решен и верувам дека Врховниот суд ќе ги корегира нелогичностите на пониските судови. Во тој дух, ја поздравувам одлуката на Финансовата полиција да го разгледа овој случај, вели Жерновски за Фактор.

Инаку од општина Центар тврдеа дека ќе бараат ревизија од Врховниот суд на судската одлука која е во полза на градежната фирма „Пелагонија Гостивар“.Актулениот градоначалник Саша Богдановиќ пред две недели за Фактор изјави дека има забелешки на судскиот процес и затоа бара ревизија. Се надеваше дека Врховниот суд ќе донесе поинаква одлука и ќе им ги врати парите. Ако не, Богдановиќ рече дека ќе бара одговорност – ќе покрене истрага во која треба да се утврди како општината донела штетна одлука и кој точно е крив. Не го впери прстот директно во Жерновски, зошто вели дека одлуките биле носени на Совет кој е колективно тело.

Во меѓувреме, иако овој случај секако остава простор за сомнеж за тоа колкава штета направил Жерновски тој доби награда и стана заменик министер за надворешни работи. 

Богдановиќ денеска не беше достапен за коментар. 

Можеби ќе ве интересира

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор