01 Ноември, 2024
0.0318

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

Објавено во: Економија 16 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Многу македонски граѓани за годишен одмор во туристичките агенции плаќаат на рати.

Порано постоеја опции, дел од парите да бидат уплатени пред заминувањето на одмор, а мал дел од сумата да се доплати откако ќе се вратат. Од агенциите велат дека и денес даваат можност за плаќање на рати, но во договор со одредени колективи, компании, организации.

„Ние тоа го избегнуваме, но има агенции кои практикуваат плаќање на рати. Тоа плаќање на рати агенциите помасовно го нудеа на времето кога луѓето беа од збор. Денес зборот нема тежина. Има луѓе кои на кредит одат на одмор. За плаќање на рати, ако не стои фирма зад некој вработен, ние тоа не можеме да го овозможиме. Ако има сигурно работно место, ако фирмата гарантира за резервациите, тогаш може да се договорат поволности и тоа е логичниот след на настаните. Може да бидат 12 рати, може да бидат помалку, тоа е работа на договор. Физичкото лице само не може тоа да го издејствува. Се работи за скапи аранжмани, а не знаеме кој во каква ситуација ќе западне и тоа не се пари кои можеме да ги простиме. Друго, има луѓе кои се иселуваат и од каде знаеме дали некого ќе го најдеме откако одморот ќе заврши?“, велат од битолска агенција.

Посебно во помалите градови каде платите се пониски за разлика од Скопје, многу луѓе практикуваат одморот да го платат на рати.

„Да, функционира плаќањето на рати. Може да се плати на 3 до 6 рати. Порано преку синдикат имаше опции за рати, а сега тоа е замрено. Поголемиот дел од Македонците не спаѓаат во категорија на богати и просечни, тоа се посиромашни граѓани. Нив им одговара да плаќаат на рати. Имаме многу работи во општеството на рати, од мебел па до одмори. Таков ни е стандардот за жал. Никој не дава опција за плаќање на рати на фирма која ќе пропадне. Од цената на аранжманот, агенцијата  има 10 до 15 отсто заработка. Тоа е максимум. Не можат агенциите да ризикуваат. Во сезона помалку од 10 отсто од клиентите ни плаќаат на рати. При резервација треба да плати 30 отсто, а остатокот еден месец пред тргнување. Самиот клиент треба да се организира како му одговара. Обично за одмор во Грција го практикуваат тоа плаќање на рати, а тие што имаат пари, одат на подалечни дестинации и нив не им е проблем да платат одеднаш. Тие патуваат во Египет, Тунис, Турција. Младите кои се вработени во приватен сектор обично плаќаат на рати“, додаваат од велешка туристичка агенција.

Од туристичките агенции велат дека настојуваат целата сума да се плати пред заминувањето на одмор, а доплата на последната рата по враќањето од одмор се случува многу ретко, само ако има некој посебен договор за тоа меѓу клиентот и агенцијата.

Статистички, македонските граѓани најчесто одмораат на грчките и албанските плажи, но ги посетуваат и Црна Гора, Турција, поретко Хрватска и Шпанија. Мал дел од населението може да си дозволи патување на некоја егзотична дестинација. На годишно ниво над 900.000 македонски државјани ја посетуваат Грција, според податоците на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/ArthurHidden

Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување