Жена подготвувала масовно убиство во финско училиште
Финската полиција уапси млада жена под сомнение дека подготвувала масовно убиство во училиште, пренесе ТАСС.
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Апсењето е извршено уште на 15 септември, но дури сега беше соопштено за него. Во неделата судот одлучил жената да биде во притвор. Според податоците на весникот „Илталехти" таа е 21-годишна и живее во финската престолнина.
Претставник на полицијата изјави дека во интерес на истрагата, која е во почетна фаза, не може да соопштат подетални информации. Жената е осомничена за подготовка на масовно убиство во училиште. Ова убиство таа го планирала одамна.
Полицијата не соопштува кое училиште требало да биде предмет на нападот.