17 Мај, 2024
0.0275

ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА: Канада на сите граѓани ќе им плаќа храна, превоз, облека …

Објавено во: Свет 08 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Додека повеќето луѓе секој месец се борат како да ги покријат сите трошоци, канадската покраина Онтарио лансирала проект благодарение на кој сите граѓани на домашна адреса ќе добиваат чек со паричен износ доволен да ги покрие сите нивни основни животни потреби.

Сличен експеримент со бесплатни пари веќе примениле Финска и Холандија, како би создале ефикасна, оптимистична граѓанска класа.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/postsecret/status/706646917736869888?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Таа идеја сепак не е од вчера. За загарантирани месечни приходи се теорира уште од 60-тите. Надежите се големи во здруженијата „Мрежа за основен приход“.

„Сакаме да го воведеме во цела Канада, Квебек е прв во игра. Сите треба да се вклучат во проектот, немаат никаква прична да пропуштат ваква шанса“, рекла претседателката на Мрежата.

Властите во Онтарио уште не одлучиле која точно сума и според кои критериуми ќе биде доделена, но начелно, го прифатиле планот па неговата примена е само прашање на време. Во Финска секој жител добива приближно 900 евра месечно за сите животни трошоци, додека во поедини градови во Холандија таа сума се искачува дури и до 1000 евра.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/theURBAN_monkey/status/703371383149989889?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Проектот наишол на зелено светло и е во самиот врв на власта. Канадскиот министер за семејства, деца и социјален развој Жан Ив Дукло, изразил задоволство шти луѓето во неговата земја почнале да размислуваат за идејата државата да подарува пари за основни потреби.

 Во теорија, основниот  приход функционира. Според досега виденото, неточна е претпоставката дека бесплатните пари создаваат мрзеливи луѓе. Според релевантни истражувања, кога луѓето може да се потпрат на сигурна финансиска мрежа како оваа, оние кои примале бесплатни пари работеле 17 одсто работни часа повеќе, а ја зголемиле и својата заработка.

Кога на нивниот домашен буџет би им се додале и бесплатни пари од државата тие работници почнале да заработуваат дури 38 одсто повеќе.

Канада е социјална држава во која пензиите и здравственото осигурување се на врвот на листата приоритети. Очекувањата од овој експеримент затоа се, оправдано високи.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра