Застрелан полицаец во Велес кој барал разбојници што крадат чанти пред црква
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2020
МБР денеска потврди дека застрелан е полицаец со пет куршуми кај црквата „Св.Спас“ на излезот од Велес кој бил таму за да ги открие разбојниците кои насилно краделе чанти од минувачи.
Полицискиот службеник заедно со негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители на населбата Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата.
По настанатата мешаница еден од наводно осомничените за грабеж му го одземал пиштолот на полицаецот и со истиот во него испукал 5 куршуми од кои четири во стомакот, а еден во коленото на полицаецот. На излезот од градот сите коли се запираат и се претресуваат во обид да се пронајде разбојникот.
– Полицаец од СВР-Велес е повреден претпладнево околу 10:15 минути со огнено оружје, пиштол, во близина на велешката црква „Св. Спас“, потврдија за МИА од СВР-Велес.
Станува збор за 46 годишниот М.Е, кој првично итно е пренесен во Хируршката амбуланта при велешката Општа болница укажана му е прва помош, а потоа поради сериозноста на повредите е препратен на Хирушките Клиники во Скопје.
Доктор Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа болница, тврди дека полицаецот засега е вон животна опасност.