08 Мај, 2024
0.0264

Заразените со Ковид кои се на дијализа развиле тешки пневмонии: Директорот Костов сведочи за мачната битка во ГОБ „8 Септември“

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во очекување на нови пациенти кои треба да бидат хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, директорот на овој најголем Ковид-центар во Македонија, д-р. Христијан Костов за Фактор раскажа дека во 3 и пол месечната работа, деноноќната трка да се помогне на секој пациент, здравствените работници, целиот медицински и останат персонал се веќе на работ на силите. Во нашиот разговор вели дека болницата има 1.000 вработени, но тие повеќе не се доволни за да го издржат товарот со кој секојдневно се соочуваат.

-Од 15. март со одлука на Владата, ГОБ „8 Септември“ стана првиот Ковид-центар во земјава. Оттогаш наваму бројот на пациентите од ден на ден се повеќе се зголемува. Тука ги носат најтешко болните од корона вирусот, а ние правиме сè, за да секоја приказна има среќен крај. За жал тоа секогаш не е така. Во оваа болничка установа сè функционира под посебни услови. Имаме само две одделенија за пациентите кои не се заразени со вирусот, додека сите останати се за најтешко болните од Ковид-19. Можам слободно да кажам дека тука има капацитет за уште 100 болнички легла, но здравствените работници повеќе немаат сила, вели Костов за Фактор.

Тој нагласува дека помошта од колегите кои кај нив доаѓаат да помогнат е драгоцена, но смета дека две недели, колку што трае прераспределбата не е доволно, нагласувајќи дека за тој краток период тие едвај може да ги научат болничките ходници.

-Ние сме крајно благодарни за нивната посветеност, но за да се одмори како што треба медицинскиот персонал на ГОБ „8 Септември“, би требало барем еден месец да бидат ангажирани во  оваа болница. Дел од нашите колеги и самите се позитивни на вирусот, па правиме ротации, сè само за да одговориме на потребите на пациентите, истакнува д-р. Костов.

Во овие неколку месеци наназад, како што појаснува, работат во посебни услови, нагласувајќи дека и целата апаратура со која што располагаат е поделена, па, така како што вели, имаат ангиограф за позитивни на Ковид и ангиограф за пациенти кои не се заразени со вирусот, истото е и со ехо апаратите, компјутерската томографија, и така натаму. Истакнува дека ниту еден итен пациент не е вратен од болницата.

-Ни носат суспектни пациенти со инфаркти, со акутни абдоминални здравствени состојби, и се прават итните операции секоја ноќ. Останатите пациенти со хронични заболувања, а на кои им се потребни хируршки зафати се препраќаат на Клиники „Мајка Тереза“, појаснува Костов.

Во однос на пациентите заразени со корона вирусот вели дека ги третираат со антибиотска терапија, бараат крвна плазма од Институот за трансфузиона медицина, а дел од нив се на третман и со озонотерапија.

- На тешко болните кај кои ќе настане бура од цитокини, а тоа се медијатори кои прават животозагрозувачки воспаленија во белите дробови и практично ги блокираат алвеолите им даваме цитокинска терапија. Во болницата ги имаме сите антибиотици. Поднесуваме барања до Институтот за трансфузиона медицина за да добиеме крвна плазма за некои од пациентите. Досега имаат примено 10-тина, но кај оние кај кои болеста развила најтешка фаза, и се ставени на респираторни апарати, ковалесцентната плазма нема речиси никакво влијание. За среќа кај некои од нив помогна, имавме здравствен работник, лекар-уролог, кој се избори со болеста. Освен тоа, 30-тина пациенти се третирани и со озонотерапија. Инаку, 100 пациенти во болницата се на кислородна поддршка, 17 се на респираторни апарати. Капацитетот на централниот довод за кислород е за 70 хоспитализирани, останатите, примаат кислород преку боци. Најважно е што редовно сме снабдени со кислород, истакнува Костов во разговорот.

Тој не изостави и да каже и за пациентите кои се на дијализа. Вели дека 60 бубрежно болни кои се негативни на Ковид-19 сакале да ги префрлат на дијализа во други болнички установи, но бидејќи тие немаат никаков контакт со заразените, и имаат посебен влез и посебен лифт, а одделението за дијализа е на 9. кат, се уште се кај нив. Вели дека во посебно тешка состојба се 30 пациенти кои се на дијализа, а се позитивни на вирусот.

-Ова се навистина пациенти кои се во најсериозна здравствена сотојба. За да не се мешаат со останатите кои доаѓаат на дијализа, ги преместивме на 3.кат. Но, за жал би можел да кажам дека дел од нив развија пневнонија, им се прави и коагуалција, односно згрутчување на крвта. Поради тоа им се запушуваат каналите, па имаат потешкотии при процесот на дијализата, навистина е тешко. Се борат со состојбата, но голем дел од нив не издржуваат до крај, вели д-р. Костов.

Анита Буховски 

Можеби ќе ве интересира

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа