ЗАПАДНИТЕ МЕДИУМИ ЗГРОЗЕНИ: Ердоган бара да се сечат главите на предавниците
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2017
Турскиот претседател Реџеп Таип Реџеп Ердоган во говорот пред толпата приврзаници во Истанбул, на годишнината од обидот за пуч изјави дека треба да им се „исечат главите” на предавниците.
Тој на годишнината најави дека сака да ја воведе смртната казна во Турција.
„Ако таква мерка биде разгледана и усвоена во Парламентот, ќе ја потпишам без двоумење, без разлика на ставот на меѓународната заедница. Европската Унија со години залудно и го губи времето на Турција. Ние сами ќе ги средиме работите за себе. Нема друга опција“- изјави Ердоган.
Оваа изјава, според западните медиуми, доаѓа од исламистички претседател на чело на моќна земја. Овие зборови се оценуваат како страшни и поради тоа што турските власти во текот на изминатата година затворија повеќе од 50.000 лица за наводни врски со неуспешните заговорници на државен удар. Но, уште поужасно звучат и поради бројните податоци кои укажуваат дека терористичката организација „Исламска држава“ добивала поддршка од Турција, а таа на најстрашниот можен начин го „популаризираше” обезглавувањето.