08 Мај, 2024
0.0237

ЗАНАЕТЧИИТЕ ПРEД КРАХ: Работните места висат на конец

Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Нема работа за занаетчиите откако Македонија е во вонредна состојба поради коронавирусот.

Целиот сектор е загрозен, и му се заканува крахирање ако власта не преземе мерки за да ги заштити занаетчиите. Работните места на занаетчиите висат на конец.

„Пандемијата со COVID-19 го погоди целиот занаетчиски сектор. Целиот занаетчиски сектор е во криза затоа што нема побарувачка за занаетчиските производи и услуги. Сите сектори се погодени започнувајќи од секторот лични услуги и тоа: фризери, козметичари, маникир и педикир и масери, кои што не можат да вршат дејност во услови на пандемија од причина што постои висок ризик за заболување. Во иста ситуација се и останатите занаетчиски дејности затоа што нема работа во моментов за никого и тоа: бравари, столари, слаткари, градежници, златари,  филигранисти, поправка на апарати за домаќинствата и сите други занаети. Занаетчиите се во паника како ќе ги подмират обврските кон државата, како и останатите обврски за закуп, струја, вода и парно за деловните простори и со кои финансиски средства ќе ја поминат оваа кризна состојба во ситуација кога воопшто не остваруваат промет“, вели  Анета Атанасовска, од Комора на занаетчии Скопје.

Занаетчиите кои имаат вработени се исто така во многу неповолна ситуација, затоа што од нив зависи егзистенцијата на семејствата на вработените, а не се во ситуација да исплатат плати за вработените и ќе мораат да ги отпуштат од работа затоа што бизнисите стануваат неликвидни.

„Занаетчискиот сектор не е за занемарување затоа што само во регистарот на Занаетчиска комора Скопје се регистрирани 2.000 активни занаетчии од најразлични дејности, дел од занаетите се паушално оданочени и функционираат како самовработени лица, но дел од нив имаат и вработени за кои треба да исплатат плата и придонеси за период во кој не остваруваат приходи. Занаетчиска комора Скопје достави предлог антикризни мерки до надлежните институции, со предлози за ослободување од придонеси и субвенционирање на плата за време на траењето на кризата со коронавирусот. Занаетчиите очекуваат дека нема да бидат заборавени од надлежните институции со финансиска поддршка која што им е неопходна во справување со кризата од пандемијата“, додава Атанасовска.

Во Македонија Ковид 19 веќе однесе и два човечки животи, а во земјата на сила е полициски час. Економијата ќе претрпи големи последици од новонастанатата состојба. Заразени има во повеќе македонски градови како Скопје, Дебар, Гостивар, Штип, Кавадарци, Охрид, Куманово, а голем број граѓани се во изолација откако се вратени од странство.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката