17 Мај, 2024
0.0398

“Замрзнатото Кралство” и “Тор” ги полнат касите на Walt Disney

Објавено во: Стил 09 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Компанијата Walt Disney забележа рекордни приходи за последното тримесечје на 2013 година, надминувајќи ги очекувањата, пишува BBC. Нето добивката на Disney се искачила  нагоре за една третина (33%) за четвртина до 1,84 милијарди долари на годишна основа, пријави компанијата, додека приходите скокнаа за 8,5% до 12,31 милијарди долари. Во основата на силното претставување се приходите од последните нејзини филмови, водечки во овој поглед се "Замрзнатото Кралство " и "Тор: Светот на темнината". Првиот освои бројни награди,а има и две номинации за Оскар, на компанијата и домесе приходи од 864 милиони долари. "Изминатиот квартал беше исклучително силен за компанијата,одбележавме двоцифрен раст на оперативната добивка во сите сегменти од бизнисот", изјави извршниот директор на Disney Роберт Игер. Покрај успехот на филмовите на телевизиската мрежа на Disney , и спортскиот  канал ESPN и дистрибутер мрежата ABC , исто така ги исполнуваат очекувањата. Прекрасни резултати има и во единиците за рекреативни паркови и крстосувачки патувања, дури и во делот на малопродажба на производи. Но и бизнисот со интернет и игри , сега има стабилен профит . "Овие резултати ја покажуваат моќта на уникатното наше портфолио , непрекинатиот  стремеж кон оригиналност и иновации и долгиот успех на долгорочната стратегија " , додаде Игер . Disney минатата година кон себе ги приклучи и Star Wars-империјата на Џорџ Лукас и планира продолженија на успешната лента. Благодарение на кинохитовите ги зголеми приходите од продажба во последниот квартал со цели 23 проценти, а оперативната добивка - со цели 75 проценти. И ривалот Time Warner (CNN, HBO, филмското студио Warner Brothers) неодамна освои добри пари од неговите филмови, особено од "Хобитот".