17 Мај, 2024
0.0288

Закана од ебола: МНР препорачува да не се патува во Западна Африка!

Објавено во: Економија 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи денеска им препорача на македонските граѓани да се воздржат од патување во западно-африканските држави Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја. Препораката се упатува „поради нестабилната безбедносна состојба и зголемениот број случаи на заболени од смртоносниот вирус ебола. Слични препораки деновиве издадоа повеќе европски земји поради стравувањето дека опасниот вирус би можел лесно да се прошири и на европскиот континент. Стравот се зголеми откако 40-годишен заболен Американец успеал да се качи на два меѓународни лета иако имал симптоми, повраќал и имал температура. Патувал дури со 2 преполни меѓународни авиона од Либерија до Гана, а потоа и до Того. Починал кога стасал во Лагос, Нигерија. Се алармира дека сите што биле во авионите со него се во сериозна опасност бидејќи еболата е многу заразна и смртоносна во 90 насто од случаите. Пронајдени се 59 патници од кои 20 се веќе тестирани, но властите имаат проблем да ги лоцираат и другите патници кои може да се упатиле каде било во светот. Досега починале 670 лица, а Светската здравствена организација располага со податоци за над 1200 заболени. Лекарите кои се соочуваат со епидемијата од смртоносниот вирус против кој нема лек предупредуваат на опасноста тој да излезе од контрола.

Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати