14 Декември, 2025
0.0388

Захарова го навреди ЕП, не прифаќа дека Русија е држава спонзор на тероризмот

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2022 17:32

Добивај вести на Viber

Руската власт не прифаќа Русија да биде прогласена за терористичка држава. 

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент за прогласување на Русија за државен спонзор на тероризмот, предложи ЕП да се прогласи за спонзор на идиотизмот.

ЕП денеска усвои необврзувачка резолуција со која Русија ја прогласува за државен спонзор на тероризмот поради воената операција во Украина. Ова произлегува од резултатите од гласањето на пленарната седница во Стразбур. Претходно Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите-членки на Алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим. Украина извесно време бара меѓународната заедница да ја прогласи Русија за терористичка држава. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека носи „терор и убиства“.

Михајло Подољак, советник на Зеленски, на Твитер напиша дека Украинците бројат колку руски проектили пресретнале, додека остатокот од светот брои колку голови постигнал нивниот тим.

Во Запорожје загина бебе старо два дена, а неколку жртви има и во Киев. 

Во Русија, мајките на војниците се бесни и бараат средба со претседателот Владимир Путин. 

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина