17 Мај, 2024
0.0273

ЗАГУБАРИ: Дали после 14 години неработење ЕМО ќе се рестартира?

Објавено во: Економија 23 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Загубарот ЕМО наскоро би можел да добие нови сопственици. Ова го најави премиерот при посетата на Охрид. Според зборовите на премиерот интерес за  фабриката покажале две германски компании. ЕМО е некогашен гигант каде се произведуваа електронски композити, трансформатори, изолатори  и челични конструкции. - Едната од фирмите ќе земе поголем дел од ЕМО  и ќе останат само неколку објекти за кои се заинтересирани две други компании и со нив сме во разговори да ги убедиме да инвестираат. Така што комплетно цело ЕМО да биде повторно рестартирано што за автоделови, што за она што претходно го работеше во делот на трансформатори, далекуводи и слично, изјави Груевски. Инаку оваа некогаш успешна компанија замина во стечај во 2012 та година. Тогаш се случи околу  2.000 вработени да останат на улица, а сите досегашни влади безуспшено се обидуваа да му најдат газда или да го рестартираат. На крајот државата стана доминантен сопственик претворајќи ги побарувањата во свој влог. ЕМО, заедно со тутунски комбинат Прилеп, Еурокомпозит и Охис се преостанатите загубари, а откако во ТКП влезе Филип Морис, таму се очекува подобрување на состојбата. Договор за стратешко партнерство склучија Тутунскиот комбинат – Прилеп и гигантот „Филип Морис“. Двете компании ќе формираат ново друштво со ограничена одговорност „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“ во кое „Филип Морис Интернешнл менаџмент“ ќе има 51 процент капитал учество, а ТК Прилеп 49 проценти. Управувачката структура ќе му припадне на странскиот партнер.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија