Добивај вести на Viber
Тинејџер на 16-годишна возраст од скопското село Јурумлери загина во Кадино синоќа пред полноќ при судар на два мотоцикли, објави МВР во полицискиот билтен.
Малолетникот управувал мотоцикл „малагути“ без регистарски ознаки, а со него се возел и 15-годишник од Скопје кога се судриле со мотоцикл „пиаџо“, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала и 17-годишна сопатничка од Скопје.
На местото на незгодата од лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.