02 Мај, 2024
0.0289

Заев во одбрана на СЈО: Нивната работа е многу одговорна, треба да се побараат точните бројки за бонусите

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска застана во одбрана на специјалните јавни обвинители со став дека бонусите, вклучувајќи ги додатоците за доверливост кои ги зеле поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и останатите обвинители и сите вработени во Специјалното јавно обвинителство, затоа што тоа биле непотврдени бројки.

- Тоа што јас го имам како информација како премиер, бидејќи ја следам реализацијата на буџетот, не се трошат секоја година предвидените 228 милиони денари во буџетот на СЈО. Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваат поголема плата за некои 300 до 500 евра во однос на другите редовни обвинители заради тоа што се соочуваат со поголема одговорност, а тука се и додатоците кои се исплаќаат за чувањето на податоците, бидејќи и тоа носи дополнителна одговорност, изјави Заев на денешното потпишување на Меморандум за соработка со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада.

Шефот на македонската Влада тврди дека точните бројки треба да се побараат од институциите, а не, како што вели тој, да се шпекулира со паушални податоци.

- Јас нема да дозволам да се фрли негативно светло врз специјалните обвинители. Тие прво треба да се прашаат за да се кажат сите детали, целата анализа. Тие треба да кажат кој е тој дел од додатокот кој се примал за сигурност, доверливост на податоците во однос на вистинската нето-плата на специјалните обвинители. Сигурно бројките се далеку помали од тоа што Антонио Милошоски го слушам како шпекулира. Точни и јавни информации треба да се побараат од институциите. Државниот јавен обвинител може да ја побараа таа информација и да ја сподели, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање