29 Април, 2024
0.0257

Заев: Службениците немаат храброст да потпишуваат јавни набавки

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

ПОлитичката криза е главна причина за неповолните трендови во економијата, рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајки на пратеничко прашање од Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Вели и дека во мал процент на ниската реализација на капиталните инвестиции влијае и недоволната храброст на државните службеници за потпишување на постапките за јавни набавки. Најголем проблем бил што немало проекти за реализација, а и тие кои постоеле морале да бидат корегирани.

- Еден од таквите проекти е патот Кичево-Охрид. Сите знаме за пропустите и несериозностите при имплементација на еден ваков проект. Лошите проекти доведува и до ваков пад на БДП. Во првиот квартал имаме раст на индустријата од осум отсто, во енергетијата од седум отсто, близу седум проценти раст и на земјоделството, раст на високоградбата од 2,2 проценти, само нискоградбата беше со пад од околу 40 отсто, рече Заев.

Тој додаде дека покрај немањето проекти, причина се податоците во делот на статистиката во кои не бил внесен податокот за Сино хидро, затоа што не дале извештај за тоа што сработиле.

- Очкеувам веќе во вториот, а особено во во 3 и 4 квартал да имаме сериозен раст и на капиталните инвестиции во државата и на нискоградбата затоа што сите проекти се ослободени, тендерите се распишуваат, има компетитивност, преку 100 милиони евра се заштедени пари на разлики во цени поради транспарентност на постапките. Водиме грижа нашите домашни компании да имаат предност. Очекувам дека растот на БДП од 3,2 отсто сепак ќе го постигнеме, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто