01 Мај, 2024
0.0285

Заев поздравен за лидерството и реформски определената Влада од белгискиот премиер Мишел

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со премиерот на Кралството Белгија, Шарлс Мишел.

Белгискиот премиер го честиташе изборот на премиерот Заев за претседател на Владата на Република Македонија и го поздрави, како што рече, лидерството, што го покажува премиерот Заев во предводењето на новата реформска Влада.

“Реформски определената Влада придонесува на патот на Македонија на евро-атлантските интеграции“ оцени премиерот на Белгија, Мишел.

Белгискиот премиер, Мишел, додаде дека определеноста кон реформи согласно европските стандарди и добрососедските односи кон коишто видливо е определена Владата на Република Македонија придонесуваат во остварувањето на овие две стратешки цели на државата.

-Владата на Република Македонија вети квалитетен живот за граѓаните и преземаме чекори што тоа го обезбедуваат. Низ реформскиот процес, преточен во Планот 3-6-9 и иницијативноста за активна регионална и меѓународна соработка со пријателите на Македонија, отвораме можности и ги охрабруваме домашните и странските инвеститори да инвестираат во Македонија. Тоа сметаме дека ќе придонесе кон економски развој, како и кон реализација на аспирациите за членство во ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев соопшти поради дека ваквите принципиелни политики на Владата на Македонија, Република Македонија со право очекува тргање на условеноста на препораката за ЕУ, а потоа и датум за преговори, како и покана за членство во НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски