19 Мај, 2024
0.0304

Заев по интервјуто со Каракачанов: Можеме да пиеме кафе и ракија, тој нема проблем да го прифати постоењето на македонскиот јазик

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Ние сме пријатели, знаеме и во Струмица, и во Софија, и во Скопје да пиеме по една ракија, кафе или чај  и низ пријателски разговор да најдеме решение и верувам дека треба така да продолжиме. Бугарскиот министер за одбрана се вклучи во живо во текот на интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за емисијата Стадион на Канал 77. Двајцата разменија посмирени тонови иако пред една недела тоа не беше случај. 

По интервјуто на Заев за БГНЕС Каракачанов тогаш рече дека на Бугарите умот им доаѓа подоцна, па така било и со Заев. На тоа Заев одговори дека двајцата имаат различни светогледи и дека тој е Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет, а Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. 

Бугарскиот министер и денеска остана на своите позиции за историјата, а зборуваше и за фашистичкиот контекст.

„Бугарската власт и бугарскиот цар биле сојузници на Германија и на Хитлер. Тоа е историски факт. Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти. Јас сум одел во Ваташа три пати. Првиот пат во 94 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа од вашите колеги. Случки како Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија каде бугарската полиција убива 12-13 деца и ги убива не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна. Државата против комунистите, не е против Македонците. Тоа е затоа што комунистите војуваат со државата, и државата против комунистите, а не против етнички Македонци или други. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја, смета Каракачанов.

Заев го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов за време на интервјуто на овој медиум и го поздрави речникот на пријателство во неговите одговори.

Премиерот Заев истакна дека од разговорот е видливо дека министерот Каракачанов нема проблем да го прифати фактот за постоењето за македонскиот јазик и за македонскиот народ.

„Ние остануваме подготвени во духот на пријателство да ги градиме меѓусебните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја градиме нашата заедничка иднина. Искрено се надевам дека уште постојат шанси да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Тимовите на двете министерства за надворешни работи интензивно разговараат и сметам дека патоказот за кој се дебатира е одлична основа за да остане вратата отворена за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија“, рече Заев во интервјуто за Канал 77. 



Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична