07 Мај, 2024
0.0271

Заев одговори дали податоците од пописот ќе влијаат на стекнатите права

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев вели дека резултатите од пописот нема да влијаат врз стекнатите права. 

Вели дека е срамота 19 години во земјава да нема попис. Тој кажа дека бројките може да се релативни како резултат на слободното движење на луѓето.

„Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права. Тоа се стекнати права и можни се варијабли, на заминување и враќање на граѓаните, во државата, професионални ангажмани, дефинитивно не треба и нема да влијаат на ниту едно од веќе воспоставените законски решенија“, рече Заев.

Граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани ќе бидат казнети. 

„Не можеме да барате фингерпринт на пописот кога се попишуваат и малолетни лица под 18 години кои немаат отпечаток од прст во МВР.Не можете да барате копија да ви се остави од пописниот материјал. Пописот се прави електронски преку ајпад. Најголем број од податоците веќе се обезбедени од самите бази.Трето, секако заштита на личните податоци, не можат да се делат по луѓето да ги носат дома. Уште еднаш ја користам можноста да апелирам на разумност. Денеска е се дигитално, се е достапно на јавноста, а ако се случи каква било аномалија веднаш ќе знаеме и народот и опозицијата и власта“, рече Заев. 

Пописот ќе се одржи во април, но партиите веќе калкулираат со проценти. 

Поранешниот министер за образование и актуелен пратеник на ДУИ Арбр Адеми вчера во емисија на ТВ 21 рече дека доколку Албанците се помалку од 20 проценти по спроведениот попис тогаш тој нема да ги признае резултатите. 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која не ја поддржува статистичката операција што ја навува власта се сомневаат дека коалициските СДСМ и ДУИ преговараат за пописните резултати.

„Секаде во светот се попишуваат граѓани кои живеат во одредена земја, само пописот по стадарди и методологија на Заев не е така. Законот за попис кој што насила го турка власта на заев не е статистичка туку пазарџиско политичка операција“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ сметаат дека бројот на припадници на оваа етничка заедница секако е поголем од рамковниот праг. Пописот од 2011 година пропадна. 

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција