Заев: Ќе му дадам 13 пратеници на Мицкоски да прави малцинска влада
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2020
Лидерот на СДСМ, Зорам Заев во дуелот на ТВ 24 вечерва изјави дека не прифаќа уцени од ДУИ и би му отстапил пратеници на Мицкоски за малцинска влада.
Смета дека ако дојдеме до такво сценарио, ако треба, подготвен е да му отстапи 13 пратеници. Вели дека обратно, ВМРО-ДПМНЕ нив би требало да им отстапи 6.
Заев вели дека нема да преговара ако ДУИ уценува.
Смета дека тие треба да одат во опозицијата и дека тоа е добро.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ќе коалицираат со онаа партија која ќе ја прифати нивната програма.