29 Април, 2024
0.0302

Заев наредил да се измери рејтингот на Шекеринска, Спасовски, Димитров и Пендаровски

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев пред да замине на зимски одмор минатата недела нарачал преку внатрепартиска анкета да се измери рејтингот посебно за министрите Радмила Шекеринска, Никола Димитров и Оливер Спасовски, како и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. Како што објави „Независен“, оној што би добил најмногу гласови од анкетата помеѓу овие четворица функционери би бил кандидат номиниран од СДСМ за претседателските избори на пролет.

Повикувајќи се на внатрепартиски извори, овие четворица биле најмногу мотивирани да влезат во трката за избор за нов шеф на државата.

Пред да замине на скијање, тој даде задача да се направи анкета и да се испита рејтингот на четворицата кандидати кои покажаа аспирации да бидат наши претседателски фаворити. Тоа се Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Сондажите сè уште се во тек, но времето нè гази, чекаме да заврши процесот со ратификацијата на договорот за името во грчкиот парламент, па веќе идната недела би требало да знаеме со кого ќе истрчаме на изборите кон крајот на април“, вели функционер на СДСМ како извор на „Независен“.

Истиот извор вели дека агендата на СДСМ за овие избори нема да биде под влијание на ДУИ, иако од коалициониот партнер бараат консензуален кандидат.

Како и да е, ДУИ не е таа што ќе го диктира нашиот избор“, заклучува соговорникот.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“