19 Мај, 2024
0.0290

Заев му вети на Помпео два проценти годишно од БДП за модернизација на армијата

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Прмеиерот Зоран Заев оствари средба како домаќин на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, при неговата европска турнеја со Македонија како дестинација помеѓу посетите на Црна Гора и Грција. Шефот на македонската Влада му вети на високиот функционер од Вашингтон дека земјата за пет години ќе биде подготвена како членка на НАТО да издвојува два проценти од националниот Бруто домашен производ за потребите на армијата.

„Оваа посета е силен сигнал со континуираната поддршка од САД. Потврда дека продолжуваме да работиме заедно. Имаме силни историски и политички причини да го оддржуваме нашето пријателство. Имав чест да му предочам на секретарот Помпео дека сме подготвени со уште поголемо темпо на учество во глобалните сили кои се конфронтираат со дезинформациите и на заканите по демократијата. Со нашето полноправно членство, НАТО ќе добие нова димензија. За брзо ја очекуваме добрата вест дека протоколот ќе се ратификува во САД.  Имаме силна политичка волја буџетот на армијата да биде најмалку 2 проценти од БДП  и тоа не подоцна од 2024, за модернизација на нашата армија и за подобрување на нашите капацитети. Македонија е уникатна земја во регионот, затоа што нема отворени прашања со ниту еден сосед. За 10 дена ја очекуваме долгоочекуваната вест од Бризел - за отворање на пристапните преговори со ЕУ и со тоа ќе бидат наградени реформите и решавањето на тешките проблеми.“, рече Заев на заедничката прес-конференција со високиот гостин од САД.

Помпео напомена дека во моментов САД има 61 дипломат и 250 вработени во дипломатското претставништво во Скопје 

„Вие испративте војска која се бореше рамо до рамо со американските сили во Авганистан. Исто така сакам да го поздравам и Преспанскиот договор кој ги зближи двата соседни народи, а исто така ја поздравуваме и спогодбата за добри врски со Бугарија. Ја поттикнуваме и борбата против сите кои ја имаат злоупотребено јавната доверба и посегнале по корупција. Економската слобода треба да ја движи вашата земја напред, а не руските ботови. Северна Македонија го разбира овој дух на просперитет и добрососедство и САД ќе продолжи да бидат ваши партнери за доброта на граѓаните, регионот и на светот“, наведе Помпео, кој наедно напомена дека се сомнева во технологијата и инсфраструктурните проекти што ги нуди Кина на овие простори

Претходно тој оствари средба и со претседателот Стево Пендаровски, кој во Охрид рече дека посетата на државниот секретар на САД е, во исклучително важен период за нашата земја и потврда за пријателството засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија.

„САД е нашиот стратешки партнер уште од нашата независност, а американската поддршка беше клучна во одбранбените реформи и трансформацијата на нашата Армија, со цел исполнување на критериумите за членство во НАТО. Преку програмите за развој, САД ни помогнаа во зајакнувањето на институциите, владеењето на правото, реформите на судството, зајакнувањето на граѓанскиот сектор и медиумите, како и поддршка на поволна бизнис клима за трговска размена меѓу двете земји“, истакна Претседателот.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за постојаната поддршка од САД и во периодите кога земјата ги решаваше тешките прашања за внатрешната стабилност, како и постигнувањето на компромис за деценискиот спор за прашањето за името, во духот на добрососедството и регионалната соработка.

„Северна Македонија ќе продолжи со тесната соработка со САД. Сметам дека е неопходна зголемена американска поддршка во претстојниот период, во кој Северна Македонија треба да стане 30-та членка на НАТО и да ги започне пристапните преговори за членство во Европската унија“, рече претседателот Пендаровски.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична