29 Април, 2024
0.0251

Заев: И моите „Мамас“ и „Еленица“ можеа да аплицираат, ама не се пријавија

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во собранието на РМ, истакна дека неговите семејни бизниси преку фирмите „Мамас“ и „Еленица“ имале можноист да аплицираат за неповратни средства од Фондот за иновации и технолошки развој, но поради етички причини, не се пријавиле за државата да ги ко-финансира нивните проекти.

- Судир на интереси има. Нема прекршување на законот, но има неетички однос во тоа компании да добијат државни пари, а во нивна сопственост да има функционери. Сите 12 компании за производство на ајвар во Македонија ќе аплицираат и најверојатно ќе добијат, бидејжи се работи за фонд кој може да достигне 70 милиони евра, но „Мамас“ нема да се бори и со тоа конкурентите ќе имаат предност, но јас сум свесен за тоа. Етичкиот дел е поважен од законскиот, иако комерцијалистите кога ја разгледуваат структурата на една фирма која се пријавила за грантови од Фондот немаат обврска и не треба да ја проверуваат сопственичката структура - рече Заев.

Вчера во Фондот за иновации и технолошки равој интервенираше Основното јавно обвинителство со цел да провери по допрен глас дали има законски прекршувања при ко-финансирањето на проекти на компании поврзани со државни функционери при поделбата на 10,5 милиони евра за 79 претприемачи.


Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега