Заев го осуди обидот за атентат врз Тодоров, ова не смее да се повтори
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017
Новиот премиер Зоран Заев упати остра осуда на обидот за атентат врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и посака никогаш повеќе ваков немил настан да се повтори.
– Јас го осудувам ваквиот начин. Недозволиво нешто дури и да се помисли, а не пак да се изврши таква работа. Драго ми е што поранешниот министер Никола Тодоров е безбеден и сигурен, заради тоа што ние сме луѓе, треба да си помагаме, не треба да си испраќаме никакви лоши пораки и, навистина, освен сериозна осуда и не дај боже да се повтори никому, ништо друго не би посакувале, рече Заев.