16 Мај, 2024
0.0305

Заев доби признание: Ова е еден од моите последни јавни настапи како премиер

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот во оставка Зоран Заев вчера на покана на Сојузот на борците (СБМ) во Клубот на пратеници прими Повелба на Сојузот на Борците, за долгогодишен и успешен придонес во поддршката и соработката со Главниот одбор на Сојузот, и негово издигнување на достоинствено државно ниво.

Премиерот Заев истакнувајќи дека е особено горд и благодарен што еден од неговите последни јавни настапи како Претседател на Владата е средбата со претставниците на Сојузот на борците.

„Гордоста е голема, но честа и денеска да бидам со вас е уште поголема. Уште повеќе, кога во година кога го одбележуваме значајниот јубилеј 80 - години од Народното востание и секако 73 години од основањето на Сојузот на борците и сето тоа во рамките на 30- годишнината од независноста на нашата држава. Во бурни времиња на светската историска сцена вие презедовте историска улога. Препознавте дека пред вас е момент, кој не смее да биде пропуштен. Кренавте антифашистичко востание и ја поведовте Националната ослободителна борба, од која се роди и нашата држава. Држава, што на нејзината цел ја доведоа мажите и жените, припадниците на партизанските одреди на Народното антифашистичко ослободително движење“, истакна премиерот Заев во своето обраќање на средбата со претставниците на СБМ.

Претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните поддржувачи, д-р Никола Стојановски, врачувајќи му ја Повелбата за повеќегодишната посветеност, поддршка и соработка со Сојузот на борците, посака да продолжи соработката со владата.

„Вашите заложби и почит кон нас борците и нивните продолжувачи нѐ направија повторно горди, нѝ го вратија достоинството, коe сакаше некој да го уништи, но како резултат на взаемните заложби тоа не успеа“, истакна Стојановски.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава