19 Мај, 2024
0.0327

Заемот за „трамвајот на тркала“ во Скопје стаса во Собрание: 70 милиони евра ќе се враќаат 15 години

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Готов е Законот за задолжување на Макеодниј акај Европската банка за обнова и развој за проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. Законот за задолжувањето е по договорот за заем, а ќе се гласа по скратена постапка. Со овој проект треба да се воспостават две линии за брз автобуски превоз во Град Скопје. Односно впрочем треба да се направат патни коридори кои се резервирани само за автобусите - лентите да бидат или на средина или на работ од булеварите.

Макеоднија се задолжува за да го реализира овој прект за кој смета дека ќе го подобри  квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток - центар - запад“ и „југ – центар- север“, но и ќе го намали времетраењето на превозот на патниците, како и подобар пристап и користење на превозните услуги од страна на инвалидите и луѓето со посебни потреби.

Заемот е во вкупна вредност од 70 милиони евра а ќе се додели во две транши за двете линии за брз автобуски превоз, односно транша 1 во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линија 1 (исток - запад) и транша 2 во износ од 22,4 милиони евра за финансирање на линија (југ - север) 2.

Рокот на отплата и на првата и на втората транша е 15 години - на 22 полугодишни рати на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на четвртата година од склучување на Договорот за заем. 

Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%.

„Република Северна Македонија ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на првата транша во рок од седум дена од денот на ефективност на траншата. Во рок од седум дена од денот на достапноста за користење на втората транша Република Северна Македонија ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на втората транша, стои во законот.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов неодмана изјави дека очекува до крајот на годинава да се потпише договорот со ЕБОР, а до февруари е рокот за изработка на идејниот проект, по што веднаш ќе се распише тендерот за набавка на возилата, изведба на трасата за движење и депото. 

„Очекувам што кон средината на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на новиот концепт на јавен превоз во Скопје. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Според тендерсата документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична