ЗАДОЛЖУВАЊЕ ЗА РАЗДОЛЖУВАЊЕ: Државата со нов заем од домашните банки
Објавено во: Економија 19 Август, 2018
6,5 милиони евра е сумата која што Министерството за финансии ќе ја позами од домашните банки во вторник.
Според најавите, ова задолжување се прави со цел раздолжување и враќање на стари долгови.
2,4 милијарди денари пак е сумата која до крајот на месецот државата треба да ја врати а до крајот на оваа година се планирани уште седум задолжувања.