02 Мај, 2024
0.0275

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ достојно го претставија македонското карате во Анталија

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Членовите на скопскиот клуб „Макпетрол“, Петар Заборски и Петар Спасеновски, остварија солидни резултати на неодамнешниот турнир од Светската 1 карате премиер лига што се одржа во Анталија. Заборски се пласира на седмата позиција во категоријата под 75 килограми. Тој во четвртфиналето загуби од Абилмансур Батиргали од Казахстан (0-2). Спасеновски, пак, во елиминацискиот дел заврши како втор во седмата група во категоријата до 84 килограми.

Претходно, Заборски извојува три победи во петтата група и го освои првото место. Неговиот противник не се пласира во финалето поради што членот на „Макпетрол“ не доби шанса да се бори за бронзениот медал. Во групната фаза, Заборски ги оствари следните резултати против: Тијаго Дуарте (Португалија) 1-0; Мичел Дурам (Австралија) 2-1 иДаниеле де Виво (Италија) 0-0.

Спасеновски оствари две победи во елиминациските борби, а во третата, со каратистот од Азербејџан загуби. Тој заврши како втор во групата, зад Хасанов, и не ги продолжи борбите. Вториот претставник на „Макпетрол“ во Анталија ги оствари следните резултати против: Андрин Маркез (Франција) 3-3; Гонкало Фреитас (Португалија) 3-3; Тургут Хасанов (Азербејџан) 1-4.

Светската 1 премиер карате лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти. Во Анталија имаше 377 учесници од 60 држави. Каратистите на „Макпетрол“ се единствени кои обезбедија норма да бидат во конкуренција на Топ-32 рангирани каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација).

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година