ЗА ВЛЕЗ НА ПЛАЖА: Tуристите ќе мора претходно да резервираат
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Мај, 2020
На плажите во Белгија ќе се оди само со резервација.
Градските власти на Остенде информираат за систем за резервација за најпосетуваните плажи.
Плажата во местото Кноке има прегради за влез на едната страна и тие се наменети за семејства кои на тој начин држат физичко растојание од останатите.
Остенде, која е една од омилените дестинации на море, се подготвува во екот на сезоната да прими дневно до 50.000 луѓе.
Во оваа земја 9.000 луѓе починаа од коронавирусот.
Многу земји најавија задолжителни корона тестови, но потоа ретрираа.
„Ако за да дојдеш во Грција си во ситуација да треба да направиш 15 различни работи, 20 тестови и 15 документи, нема никогаш да дојдеш“, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас говорејќи за туризмот, во интервјуто за радиото „ЕРА“ .
Сепак, ова лето ќе биде поинакво од претходните.