02 Мај, 2024
0.0357

ЗА ОМИКРОН НЕМА НИТУ ДОВОЛНО ВРЕМЕ, НИТУ ДОВОЛНО ИНФИЦИРАНИ ЗА ДА ГО ПЛАШИМЕ СВЕТОТ: Епидемилогот Стојанов за Фактор

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќе од една недела светот живее во голем страв откако се појави новата варијанта на корона вирусот која СЗО ја нарече омикрон. Првичните информации беа дека е дури 500 пати позаразен сој и дека поради огромниот број мутации кои вирусот ги има направено токму на спајк-протеинот, нема да имаа дејство ниту вакцините, ниту пак имунитетот создаден по прележување на болеста. Но, во разговор за Фактор, епидемиологот и долгогодишниот македонски експерт за вакцинација, д-р Александар Стојанов вели дека навистина е премногу рано да се излегива со какви било ставови кои шират огромен страв кај населението.

-Вирусот се појави пред десеттина дена. Науката не може толку брзо да изнесе најточни податоци зошто нема ниту доволно време, ниту пак доволно заразени луѓе за да се направат сите испитувања во однос на тоа каква клиничка слика дава вирусот, колку луѓе може да се заразат од само еден преносител и така натаму. Значи ќе повторам, недостигаат испитувања, недостигаат пациенти за да се направи епидемиолошка крива и да видиме дале оди нагоре, дали стои праволиниски. Цело време сме во некоја паника, прво со делта, па со делта плус, сега со омикрон, но најверојатно не е баш така, смета д-р Стојанов.

Во однос на ригорозните мерки кои ги преземаат голем број држави, конкретно затворање на границите, епидемиологот Стојанов од негова гледна точка смета дека тоа не треба да се прави.

-И во однос на ова прашање, мислењето на научниците е поделено. Не се единствени во ставовите. Некои сметаат дека веднаш треба да се забрани влез, по примерот на Јапонија и Израел, некои пак мислат дека тоа е премногу ригорозна мерка која не гарантира резултати. Моето мислење како епидемиолог е дека земјите не треба да ги затворат границите. Постојат другите мерки кои се во насока на спречување на заразата и ако доследно се почитуваат може да бидат многу поефикасни од спуштање на границите. Мислам дека и оние држави кои забранија влез на нивно тло, не се спасија. Вирусот експлодираше и едноставно во некои држави немаше место во болниците, посочува д-р Стојанов, кој нагласува дека сепак вакцините се најважни во целата оваа ситуација.

Според него многу е важно опфатот на имунизација кај нас да биде што поголем, а не само околу 50 отсто како што е во моментов.

-Во Македонија досега се вакцинирани едвај 50 проценти од граѓаните. Тоа е многу мал опфат за да се победи епидемија. Во овој есенски-зимски период да имавме над 70 отсто ќе имавме ногу подруга слика во државата. Тоа е најголем проблем, а вакцинираните секако се многу позаштитени, па дури и од омикрон. И од оние малку податоци кои доаѓаат од научниците во Јужна Африка се потенцира дека сега заразените пациенти со омикрон варијантата, кои се вакцинирани поминуваат со навистина лесна клиничка слика. Значи, најверојатно заразата со овој вид мутација е неминовна, но клиничката слика на пациентите е лесна форма на болеста, нагласува д-р Стојанов.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање