17 Јуни, 2024
0.0344

За декември ЕСМ купи струја од 20 милиони евра, околу 12 милиони дадени само за еден снабдувач

Објавено во: Економија 27 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Во декември АД ЕСМ купи или договори увозна струја по вкупна сума од околу  19,6 милиони евра. ЕСМ Продажба ги објави сите договори до крајот на месецот, односно до 1 јануари 2023, иако се остава простор во последните денови од годинава да се склучи уште некој.

Од оваа сума, како што пресмета „Фактор“, најмногу пари - 11,7 милиони евра се наплатени од новоетаблираната албанска компанија ЕТМТ Енерџи. Понатаму следуваат словенечката ГЕН-И со нешто помалку од 4,5 милиони евра, Енерџи Фајненсинг Тим со 1,57 милиони, Дуферко со 1,4 милиони и Данске Комодитис со нешто повеќе од 250.000 евра.

Доколку остане вака до крај, во декември ќе има помала купопродажба на увезена струја од ноември, кога за 23 дена беа исплатени  повеќе од 22 милиони евра од ЕСМ. 

Во ноември започнаа набавките на ЕСМ од слободен пазар и сега за помалку од два месеци се доаѓа до сума од потрошени 44 милиони евра.

Во декември електроенергетскиот систем работеше со сите капацитети освен третиот блок на РЕК Битола каде што во наредните денови се очекува вградување на нов трансформатор кој по долго чекање пристигна од Турција. Во саботата вечерта изби пожар во РЕК Осломеј и таму не е познато колку денови ќе бидат потребни за оваа термоелектрана повторно да биде вклучена на мрежата.

Од ЕСМ нагласуваат дека зголемените набавки се резултат на тоа што од први декември на ЕСМ Продажба се приклучени и други потрошувачи по одлука од Влада, како фирми од прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата.

Останува во јануари да се види дали ќе се реализира одамна најавеното комплетно покривање на потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи од сопствено производство, кога треба да проработи повторно Осломеј и третиот блок на РЕК Битола. До сега ЕСМ секојдневно купува електрична енергија од слободниот пазар за кои плаќа милионски суми.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

НОВ МЕГАПРПОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

НОВ МЕГАПРПОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?