17 Мај, 2024
0.0600

За четири месеци работа на хрватската ривиера, Македонците заработуваат четири пати повеќе отколку овде: Готвач 3.000 евра месечно, келнер 1200, собарка 1.000

Објавено во: Економија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Голема е побарувачката на работници, особено од Македонија, за сезонска работа на хрватската ривиера. Дефицитарна работна сила најчесто се менаџери, готвачи, пица - мајстори, келнери - претежно од угостителскиот сектор.  

Ставре Дурацовски кој во Задар работи од 2018 година посочува дека платите зависат од искуството на кандидатот.

„Главен готвач зема повеќе од 3.000 евра месечно. Цената за добар готвач се движи од 1.800 до 2.000 евра. За помошник во кујна од 1.200 до 1.300 евра. Добар келнер заработува до 1.200, Ф&Б менаџер околу 2.000 евра, а собарките до 1.000 евра. Обезбедени се сместување и храна. За жал, ситуацијата во Македонија, нискиот стандард и непочитувањето на персоналот, ме натера да го спакувам куферот и да си заминам. Моментално работам во хотел „Бастион“, член на групацијата Relais & Châteaux на позицијата „Sous Chef“. Во оваа професија сум од 16 години, ја сакам и уживам кога ја работам. Врз основа на искуството, обврските и професионалноста кон работата, се оформува и платата од која сум многу задоволен – вели Дурацовски и појаснува дека газдите го вреднуваат работникот со сместување, храна и со понуда на нормални услови за живот.


„Помина времето кога од 5 до 8 луѓе беа сместени во еден стан од 35 квадрати. Македонските граѓани се многу ценети во Хрватска, претежно на Јадранот. Затоа голем е интересот на газдите да земаат персонал од Македонија и се трудат да обезбедат добри услови. Овде велат „ако сакаш добар и вреден персонал, побарај Македонец“. Имам некои информации дека лани 40 проценти од работниците во рестораните, биле Македонци. Платите во угостителскиот сектор речиси се исти. Зборувам за добар персонал и газда, кој знае да цени. За жал и тука има искористување на персоналот. Многу часови работа, а мала плата, но за тоа мислам дека се виновни тие кои ја прифатиле таа понуда или агенцијата преку која се испратени на работа, зашто дозволила да даде некому таква понуда. Пред да дојдат во Хрватска, треба да се распрашаат каков е газдата и кои се условите на агенцијата – вели тој.

Сезонската работа трае од јуни до октомври. Весна Трифуноска, сопственичка на познатата гостиварска кафана „ Амброзија“, со големо искуство во кујната, во Хрватска работи три сезони. 


„Задоволни сме, но може и подобро. Често велам дека, со мојата работа во кујна, за четири месеци заработувам четири пати повеќе отколку во Македонија. Се зависи од договорот. Работам 8 часа на ден. Ако сакам да останам повеќе, добивам екстра хонорар. Обезбедено е јадење и сместување, а ние имавме и автомобил на располагање – вели Трифуновска.

Соња Алексоска Неделковска


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија