За 3 години во ЕУ влегле 118 000 нелегални имигранти од Албанија
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2017
За 3 години во Европската унија влегле 118 000 нелегални имигранти од Албанија, а поголем дел од нив биле вратени назад во земјата откаде доаѓаат, покажува официјалната европска статика.
Според европската статистичка служба "Евростат" во изминатите три години од 2014 година до 2016 година "во некои од земјите од ЕУ влегле над 118 000 нелегални имигранти од Албанија.
Поголем дел од нив, или 101 000, се депортирани - процес кој продолжува и во 2017 година.
Во својот извештај од "Еуростат" посочуваат дека само во текот на изминатата година се депортирани 42 600 албански граѓани кои се на чело на списоците со депортирани од ЕУ.
Во рамките на 2016 година земјите од ЕУ депортирале вкупно 226 000 илегални имигранти, што е најголем број од 2008 година, кога "Евростат" започна да води статистика.
Тоа значи дека речиси секој петти депортиран бил албански државјанин, посочуваат албански медиуми. По Албанците, на второ место се Украинците со 22 600 депортирани.
Од балканските држави на четвртото место е Косово со 13 000 депортирани.