18 Мај, 2024
0.0309

За 24 часа во Скопје се хоспитализирани 103 ковид пациенти

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021

Добивај вести на Viber

За едно деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 103 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. 

Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 41 прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 15 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 86 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 5 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 26 болни. Вкупно 685 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка“, информираат од Министерството за здравство. 

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. Вчера во Македонија имаше 50 починати од вирусот. 

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување