26 Април, 2024
0.0263

ЗА 11 МИЛИОНИ ЕВРА „ГРАНИТ“ ЌЕ ПРАВИ УСЕК ЗА РАЗДВОЈУВАЊЕ - РЕК Битола реализира голема јавна набавка

Објавено во: Економија 05 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Градежната компанија ќе гради усек за раздвојување за РЕК Битола, за што ќе наплати близ 11 милиони евра.

За овој договор за јавна набавка што ја доби „Гранит“, компанијата ја извести Берзата преку ценовно чувствителна информација. 

Договорот е потпишан со Државните електрани - ЕСМ, односно со подружницата РЕК Битола, а јавната набавка ќе се реализира преку рамковна спогодба со една компанија, односно економски оператор. 

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ГД Гранит АД  потпиша Договор за јавна набавка на работа со АД ЕСМ - Скопје , Подружница Рек Битола ( врз основа на рамковна спогодба со еден економски оператор). Предмет на Договорот е јавна набавка на Изработка на усек за раздвојување во ПК ПЈС,РЕК Битола“, се вели во известувањето до Берзата.

Натаму, се додава дека вредноста  на  договорот со пресметан  ДДВ  изнесува  672.600.000 денари, односно 10,94 милиони евра, за период од  12 месеци, или до исцрпување на вкупната вредност во зависност од тоа кој прв услов ќе се исполни.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите