19 Мај, 2024
0.0288

Wall Street остана статичен во релаксирана сесија

Објавено во: Свет 21 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Берзата на „Wall Street“ затвори со незначително зголемување во понеделникот, откако инвеститорите се фокусираа на сезоната на сметките во странство.

wall streat

„Грција е во ретровизорот. Според мене сме поминале успешно од глобалното макро кон глобалното микро“, изјавил за „CNBC“ Aрт Хоугун, главен пазарен стратег во „Wunderlich Securities“.

Недостатокот на макроновини од САД ги насочи пазарните учесници целосно кон сезоната на извештаите.

„Сезоната на извештаите почна малку слабо, но во последната недела гледаме компании кои надминуваат со многу резултати ... Тоа е многу охрабрувачки“, посочува Ник Рајх, извршен директор на „Earnings Scout“.

„PayPal“ почна да тргува само како посебна јавна компанија по отцепувањето од „еВаy“. Акциите на компанијата поскапеа за 5,6 отсто.

„Morgan Stanley“ освои корегирани 79 центи по акција, 5 центи над проекциите, како приходите исто така ги надмина очекувањата. Капитализацијата на банкарскиот гигант падна за 0,53 отсто.

„Hasbro“ пријави квартална добивка од 33 центи по акција, 4 центи над предвидувањата, како и приходите кои надминаа со доста консензус покрај влијанието на посилниот долар. Капитализацијата на компанијата скокна за 6,61 отсто.

„Halliburton“ ги победи прогнозите за добивка во износ од 15 центи, освојувајќи во минатото тримесечје 44 центи по акција и покрај значителниот пад во активностите. Акциите на компанијата поскапеа за 2,01 отсто.

Златото исто така беше во центарот на вниманието, откако цената попушти под 1 100 долари за унца покрај шпекулативни распродажби во Кина.

wall streat 1

Доларот се тргуваше без измена во однос на еврото со 1,085 за едно евро. Приносот на 10-годишните обврзници на САД достигна 2,37%, а оваа по 2-годишните - 0,71%.

Во фокусот на инвеститорите продолжи да биде и ситуацијата околу Грција. Банките во земјата отворија повторно во понеделникот, откако беа затворени за околу три недели. Сепак берзата продолжи да биде затворена.

Во текот на викендот, германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за „ARD“ ијзавила дека дискусиите во врска со деталите на третиот спасувачки заем на Грција треба да започнат што е можно поскоро. Во интервју за „Ројтерс“ пак Меркел посочила дека е можно да се зборува за промена на падежите на долгот на Грција. Со ваков потег би се олеснил товарот на обврските на земјата.

Претходно денеска директорот за комуникации на „ММФ“ Гери Рајс истакнал дека Грција вратила околу 2 милијарди евра од обврските кон Фондот.

„Можам да потврдам дека Грција вчера ги исплати сите нејзини обврски кон ММФ, еквивалентни на 1,6 милијарди евра специјални права за влечење (околу 2 милијарди евра). Затоа Грција веќе не е во долгови кон ММФ“, изјавил Рајс.

„Како што рековме, Фондот е подготвен да продолжи да ипомага на Грција во нејзините напори да се врати на финансиската стабилност и раст“.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто