Вучиќ верува дека зад блокадата за Македонија освен Бугарија стојат и други земји
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021
Според српскиот претседател, Александар Вучиќ, Бугарија не е сама во блокадата на Македонија.
Верува дека има и други кои се кријат зад тој став. Вучиќ додаде дека секогаш е лесно да се најде земја која ќе каже овој пат не сакам.
„Еднаш ќе каже овој пат не сакам затоа што не ми се допаѓа политиката кон исчезнатите лица, друг пат не ми се допаѓа политиката во однос на Гоце Делчев… Така што, јас сум многу долго во политиката за да веруваме дека секогаш е во прашање една земја или еден од нашите соседи. Јас знам како функционира сето тоа. Сите имаат телефони, па ќе свртат на телефон, брзо се завршуваат такви работи. А ова сега, како не можат да ги убедат, не знам што би рекол“, кажа Вучиќ.
Бугарија ја блокираше Македонија и не дозволи старт на преговори со Европската Унија(ЕУ). Претходно, Франција не дозволи почеток на преговори, но и Холандија беше резервирана во однос на проширувањето.
фото Фејсбук