Вучиќ вели дека Србија ќе остане во кал ако нема компромис со Приштина
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави во Виена дека ќе даде сѐ за Белград да постигне договор со Приштина за да не остане заглавен во калта на минатото.
Вучиќсепак рече дека нема да прифати решение по кое Србија ќе даде сѐ и ќе остане без ништо.
„Не сакам да се однесувам како другите, да ја забивам главата во песок и да викам – нема проблем, ќе чекаме уште 200 години, додека и вашите деца и внуци не минат низ истите маки како ние, нашите татковци и дедовци“- вели Вучиќ.
На прашањето на каков компромис е подготвена Србија за да се дојде до трајно решение на косовското прашање, Вучиќ рече дека „судот за тоа на крајот ќе го дадат граѓаните на Србија“, но дека тој е „спремен да направи нешто што ќе биде компромис и за Србите и за Албанците“, иако знае дека за тоа „ќе биде потребно да ја плати цената на опстанок на власта“.
Вучиќ вели дека во Србија постојат безброј различни мислења за Косово и додека дека „има такви што сакаат да се дојде до решение и оние кои не сакаат никакво решение и сакаат Србија да остане заглавена во калта на минатото“.
Вучиќ кажа дека тој тоа не го сака, дека е избран да ги решава проблемите и дека сите економски реформи кои ги спроведува Србија ќе бидат залудни „ако остане во калта од која не може да се извлече“.
Тој кажа и дека за да е можен компромис, потребно е на таков начин да размислува и Приштина.