РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2024 18:46
Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот по Катар.
Светската туристичка организација на Обединетите нации го објави туристичкиот барометар за периодот јануари-јули 2024 година. Премиерот Еди Рама е задоволен од напредокот.
„Вкупниот број од 9,7 милиони странски посетители од јануари до септември 2024 година и широкиот спектар на растечки туристички пазари се постојани, но сигурни показатели дека Албанија ќе продолжи да ги полни ѕидовите со такви сертификати за меѓународни успеси, кои се претвораат во повеќе приходи за бизнисите, вработување за семејствата и позитивен меѓународен имиџ за нашата Албанија, кој не можеше ни да се замисли пред неколку години“, напиша Рама.
Според него друга новина во туристичкиот барометар објавен од UN Tourism е тоа што за првпат се препознава зголемувањето на приходите од меѓународниот туризам.
Според барометарот за периодот јануари-јули 2024 година, Албанија е на прво место по приходи од туризам, со над 128 отсто раст во однос на периодот пред пандемијата.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




