14 Декември, 2025
0.0433

Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2024 10:17

Добивај вести на Viber

Неофицијално дознаваме дека Соња Бибановска, долгогодишна бизнис партнерска на Доне Таневски водела тајни преговори и одлучила да ги продаде сите нејзини акции во најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“. Доколку се случи ова Доне Таневски ќе остане безгласна буква во одлучувањето со компанијата, а потегот на Бибановска воедно ќе ја девалвира и вредноста на неговите 23,4 отсто акции во компанијата

Соња Бибановска, долгогодишна директорка во „Македонијатурист“ и блиска соработничка на Доне Таневски, претседателот на управата на најголемата хотелиерска компанија, денеска ќе ги продаде сите свои акции (над 50.000) во „Македонијатурист“, дознава „Фактор“ од брокерската заедница.

Станува збор за системска блок трансакција со која Бибановска ќе продаде 11,27 отсто од акциите во „Македонијатурист“ по цена од 11.080 денари за акција. Дали со овој потег на Бибановска му забива нож во грб на својот долгогодишен бизнис партнер Доне Таневски, кој во последните 35 години ја води најголемата македонска хотелиерска компанија?

Акциите, како што дознаваме, ќе ги купат домашни бизнисмени, кои одреден период наназад купуваат акции во „Македонијатурист“ и веќе контролираат над 20 отсто од сите права на глас во таа голема компанија.

Уште поинтригантно е тоа што се шпекулира дека Бибановска всушност во последен момент се предомислила и договорила продажба на акциите без да му соопшти на Таневски.

Сега Таневски е соочен со ризикот во „Македонијатурист“ да има друг најголеми поединечен акционер и Доне Таневски да стане „безгласна буква“ во одлучувањето со најголемата хотелиерска компанија во земајава.

Како на ова ќе одговори Таневски кој важи за долгогодишен успешен бизнисмен допрва ќе видиме. И дали ќе се помири со тоа дека неговата долгогодишна партнерка со овој потег ја деваливра и вредноста на неговите 23,4 отсто акции во таа компанија. Односно во голема мерка ја нарушува неговата преговарачка позиција доколку тој сака да ги продава неговите акции.

Нашите извори велат дека Бибановска паралелно преговарала со две страни кои биле заинтересирани за нејзините акции. И тоа преговарала на начин што со едните декларирала јавно дека постои интерес да ги отуѓи акциите, а со другите преговарала тајно.

Како и да е доколку денеска на Македонската берза помине оваа трансакција во „Македонијатурист“ повеќе ништо нема да биде исто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото