ВУЧИЌ СЕ ПOФАЛИ: Стигнуваат уште милион вакцини против коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Во соседна Србија пристигнуваат уште милион вакцини против коронавирусот.
Веста ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој денес изјави дека не се работи за договори „според кои Србија обезбедила 6,5 милиони вакцини“, туку за „вистински вакцини“.
„Добив потврда од наши пријатели дека ќе обезбедиме скоро уште милион вакцини во неколку фази, до крајот на февруари и март. Да живее Србија!, објави Вучиќ утрово во видео на официјалниот Инстаграм Будуќност Србија.
Тој додаде дека е горд на граѓаните на Србија затоа што ја разбираат важноста на вакцинацијата. Србија веќе има вакцини од повеќе производители, а процесот на вакцинација тече. Сепак, имаше поплаки дека во земјата е забележана висока смртност на лекарите од коронавирусот. Дел од политичарите ја примија Фајзер, а дел руската вакцина Спутник.
Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 1.717 новозаразени со корона вирус. Во истиот период починаа уште 18 пациенти. До сега, во Србија се тестирани 2.600.004 луѓе, од кои 11.168 во последните 24 часа.
foto freepik