18 Мај, 2024
0.0322

Втората најголема банка во Германија ќе укине 9600 работни места

Објавено во: Свет 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Втората по големина германска банка „Commоerzbank“ објави дека во четвртокот планира да укине 9600 работни места до 2020 година и да скрати исплата на дивиденда како би ги платила трошковите на реструктуирање од 1,1 милијарди евра.

Во банката со седиште во Франкфурт напоменуваат дека поради тој план, кој во петокот треба да го одобри надзорниот одбор, ќе забележат загуба во третото тромесечие со оглед на отписот на „goodwill“ и друг нематеријален имот.

Во целата 2016 година се очекуваат сепак „благо позитивни“ резултати.

Ако биде одобрен планот, бројот на работници ќе се намали за 9600 во однос на сегашните 51 300. Менаџерите предвидуваат дека реструктуирањето ќе донесе заштеда од 6,5 милијарди евра годишно и ќе овозможи 2300 нови работни места.

Како и останатите германски банки, и „Commerzbank“ е соочен со неповолни трендови, вклучувајќи ниски каматни стапки во еврозоната, строга регулација, жестока конкуренција и доаѓање на пазарот на нови дигитални актери.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто