02 Мај, 2024
0.0247

Врвно гастрономско уживање со специјалитети и вината од специјалната серија Private reserve на винаријата „Стоби“

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Гастрономски специјалитети приготвени од реномираниот шеф Влатко Огненовски во комбинација со врвните вина од специјалната серија „Приватна резерва“ (Private reserve) на винаријата „Стоби“ ќе бидат во центарот на вниманието на македонската јавност во следнот период.

Специјално креираните гастрономски комбинации на храна и на вината од Private reserve ќе бидат претставенипред винските љубители во пет градови во земјава, како дел од соработката на винаријата „Стоби“ со шефот Огненовски. Тој е бренд амбасадор на вината на „Стоби“ не само во Македонија, туку и во регионот. Во рамките на оваа соработка, вината од Private reserve веќе беа промовирани пред винските љубители во Србија, Босна и Херцеговина и на Косово, каде што беа организирани специјални гастрономски настани на кои овие вина ги освоија симпатиите на сите присутни. Освен што ги промовира вината на „Стоби“ на гастрономски настани, Огненовски е и консултант за креирање менија во ресторанот „Стоби“ во Градско и хотелот „Аура“ во Охрид, а во болницата „Ремедика“ креира здрави менија за пациентите.

- Гастрономските манифестации кои ги организиравме во странство во соработка со шефот Огненовски наидоа на многу голем одзив, а задоволството и воодушевувањето на посетителите беше огромно. Таа атмосфера сакаме да ја пренесеме и во Македонија знаејќи дека Македонците се љубители на добра храна и одлични познавачи на виното. Неверојатните комбинации на специјалитетите на шефот Огненовски и врвните вина од нашите линии пружаат врвно гастрономско уживање кое навистина вреди да се доживее  - вели Ана Јорданова, сопственичка на винаријата „Стоби“.

Вината од серијата Private reserve во моментов се едни од врвните производи на „Стоби“. Во вината „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“се вткаени вкусовите на светлината и топлината на долгото македонско лето, темпераментот на античките винари, ориенталната аура на античката Персија, како и мекоста и топлината што ја нуди реката Вардар. Со богатството на вкусови и ароми како што се јужно овошје, праска, карамел, свежо печен леб, црвени бобинки, роза, ванила, тие ги пленуваат љубителите на виното и не ги оставаат рамнодушни ниту најпребирливите.

Дека станува збор за премиум линија на вина покажува и елегантниот дизајн на шишињата коj специјално е избран за оваа серија. Дизајнот e во духот на македонската филигранска традиција, но истовремено совршено се вклопува во модерните дизајнерски текови.

Во изминатите две години овие вина освоија бројни домашни и меѓународни награди и признанија. На годинешното пролетно издание на меѓународниот натпревар „Мундус вини 2017“ кој се одржа во февруари во Германија, „Стоби“ освои три медали, од кои две златни медали беа за вината од Private Reserve. На шестиотБалкански интернационален вински натпреварво Софија, Бuгарија, вината од Private reserve се закитија со два сребрени и еден бронзен медал. На најстариот вински натпревар во светот, „Вино Љубљана“ кој се одржува во Словенија, две вина на „Стоби“ ги добија највисоките златни признанија. Едно од тие вина беше од линијата Private reserve. Овие вина златните медали ги освоија во конкуренција на 430 вина од 19 држави меѓу кои и од Италија, Шпанија и Аргентина. На натпреварот Декантер, „Стоби“ доби две бронзени медали, од кои една за вино од Private reserve, како и една препорака за Private Reserve Veritas 2013.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор