17 Мај, 2024
0.0306

„ВРИЕ“ ВО ФЗЦ: 120 работни места висат на конец?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Околу 120 вработени од фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ„11 Октомври“ од Куманово не сакале да потпишат анекс на договор бидејќи се незадоволни од платите, со што работните места им висат на конец.

Револтот се јавил по донесување на Законот за минималната плата, и дел од работниците сметаат дека кадрите кои вршат одговорни задачи не е коректно да земаат платите колку чистачките или за мала нијанса повисоки. Тие велат дека заслужуваат повисоки плати.

„Им беше понудено да потпишат анекс на договор, тие одбија и откако ќе истече законскиот рок ќе добијат отказ.  Сега работниците се раздолжуваат во фирмата. Toa се клучни луѓе во фабриката, не знам што ќе се случи понатаму. Ќе останат без работа и луѓе кои имаат уште 2 до 3 години пред пензија, но има и помлади “ – вели работник.

За своите проблеми луѓето веќе реагирале во синдикатот, а организираа и протест во Скопје.

Слободан Јовановски од синдикалната единица во компанијата рече дека ќе поднесат тужби против фабриката.

„Баравме да се почитува коефициентот на работа. Не може машински техничар и чистачка или магационер да земаат иста плата од 12.000 денари. Чистачката ако има коефициент  1 и магационерот 1.38 не може да добиваат иста плата. Ни понудија анекс на договор со избришан коефициент, не прифативме.  Во понеделник луѓето добиваат откази и ќе поднесеме тужби“ – рече Јовановски.

Од менаџментот на фабриката велат се работи според нив за заведена група на работници која бара линерално покачување на плати од 20%,  барање кое засега не можат да го исполнат.

Додаваат дека од вкупно 600 работници другите веќе потпишале анекс на договор без проблем.

„Ние не сме намалиле плати ниту за денар, ниту бркаме работници. Во моментов фабриката поради лошите услови за глобално работење и царините од 25% од ЕУ за производите на ФЗЦ не е во можност да ги зголеми платите. Им даваме рок од 15 дена да се премислат, и да се вратат за истата плата да работат, и нема да имаат никакви забелешки“  - додаваат од ФЗЦ „11 Октомври“.

Оттаму објаснуваат дека овие недоразбирања околу платите траат веќе 8 месеци.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА