18 Мај, 2024
0.1090

ВРЕМЕТО ГИ ГАЗИ, РОДИТЕЛИТЕ НЕ ЗНААТ ШТО ДА ПРАВАТ: Или немаат лап топи, или пак воопшто немаат интернет конекција

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу родители во Македонија воопшто не знаат како нивните деца ќе учат онлајн од 1 октомври, бидејќи или немаат компјутер, или пак воопшто немаат ниту интернет конекција во домот.

Времето ги гази, а овие луѓе не се во можност да набават уреди со помош на кои децата би следеле настава електронски. Проблем најчесто се финансиите.

„Јас сум родител на дете од 7 одделение. Син ми денес ќе проба со мобилен телефон, да види дали може да се вклучи. Не знам како ќе се одвива наставата. Селото е во „дупка“ и нема добра конекција. Исто е и со другите деца во селото, и тие немаат стабилен интернет“, вели Драги Насевски од селото Зркле во Општина Македонски Брод.

И од селото Самоков објаснуваат дека во овој регион има сиромашни семејства со повеќе деца  каде родителот ниту може да купи уреди за сите деца, ниту пак има интернет дома. Како ќе се одвива наставниот процес и тие се зачудени и во неизвесност. Има многу вакви приказни од различни краеви на земјата.

„Ниту имам компјутер, ниту лап топ, не работам, а имам 5 деца кои одат на школо. Близнаците се 3 одделение и тие ќе посетуваат настава во школо, а 3 oд децата треба да учат онлјан. Сите сакаат физичка настава, но што е тука е, не можеме ништо да смениме“, раскажува Јорданка Арсовска од Куманово.

Taa вели дека и децата се загрижени затоа што сметаат дека на ваков начин нема да можат да се образуваат како што тоа би било со физичко присуство.

„Преку еден мобилен телефон не можат сите деца да учат. Тие сакаат да одат во школо, сите деца се знаат меѓу себе и цело лето се заедно“, додава оваа жена.

Дополнително вели дека проблем е како овие деца онлајн ќе ги напишат своите домашни задачи.

Повеќе од 40.000 деца нема каде да ја следат наставата, а од Владата велат дека оваа година нема да се превземат мерки во оваа насока. За толку кратко време не може да се набават толку многу уреди, соопштија надлежните.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври кога ќе имаме „Викенд без ДДВ“. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање